Висок опфат на децата во велешко со вакцина против мали сипаници

Петар Печков

На подрачјето на ЈЗУ Здравствен дома Велес, има висок опфат на вакцинирани деца  против морбили. Поради тоа и кај децата во градот нема случаи на мали сипаници, велат надлежните.  

На школска возраст во велешко, заедно со општините Градско и Чашка од околу  осум илјади ученици во основно образование од 6 до 14 години,според податоците на ЈЗУ  Здравствен дом,  имало само 23 не вакцинирани деца што е 0,3%. Од нив шест  овие денови биле вакцинирани, по прогласувањето на епидемија на мали сипаници.  Слични се бројките и за претшколска возраст, каде од 4,5 илјади деца само 100 не биле вакцинирани што е 2,2 отсто.  

Во велешко годинава имаме 24 заболени од морбили, од нив само пет се бебиња на возраст до една година, кога не можеле да примат вакцина. Сите останати се родени од 1973-та па нагоре и тоа вработени во Скопје - рече д-р Билјана Трајкова епидемиолог во Центарот за Јано здравје во Велес.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати