Висок водостој на Вардар, кејот под вода

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во Велес и натаму е во пораст. Напладне стигна до највисокото ниво, но од Центарот за управување со кризи велат дека нема најави за зголемување на водостојот  во наредните часови.

Досега кај нив никој не  пријавил штети или дека Вардар   се излеал во велешко.   Единствено што може да се забележи дека кејот во Велес е под вода.

И покрај тоа што во Велес пред три години беше поставена мерна станица на УХМР, податоците од неа се недостапни, па не е познати колк врнежи паднаа во градот изминатите  денови.

А дека беа обилни беше евидентно. Метеоролозите најавуваат врнежи и попладнево  и  ноќеска, а од утре разведрување 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати