Викендот во Велес единесет возачи возеле под дејство на алкохол

Петар Печков

Саботата кон неделата навечер, сообраќајна контрола, вообичaена за викенд, колкумина од возачите управуваат возило под дејство на алкохол. Во Велес во период од шест часа, констатирани 11 возачи кои биле под дејство на алкохол.            

Во периодот од 22 до 4 часот на сабота кон недела,  на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле забележани 19 прекршоци од кои 11 во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  

За сите прекршоци изречени биле соодветни казни. За потсетување во последната ваква акција, пред две седмици во Велес бea откриени четворица возачи кои биле пијани. 

Истовремено сабота навечер во неколку македонски града спороведена е иста таква акција. Во Битола биле откриени 32 возачи, 51 во Куманово, 28 во Скопје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати