Викендов се играше само фудбал и тоа по кал

Петар Печков

 Машката екипа на Борец ниже порази и во 25-тото коло од Втората лига, дома загуби од Маџари Солидарност со 1:0. Борец е претпоследен со само 14 бодови. Женската екипа на Борец на домашен терен з во Прва лига агуби од  второпласираната екипа на Тиверија со 2:1.  Велешанки се петти со 28 бода.


Екипата на Бабуна со победата над Сирково од 4:0  се изедначи со лидерот Вардар од Неготино по бројот на бодови 39, откако неготинци загубија на гостувањето против Млекар со 1:0.  Бабуна има натпревар повеќе од Вардар Н. во Третата лига југ.  Превалец на гостувањето во Прилеп е торпедиран од Варош со 5:1. Илинден ова 23 коло беше слободен и тој е 8-ми со 22 бода колку што има и Превалец на 9-тото место.
 
Овој викенд не се играа натпревари до Општинската фудбалска лига, туку Куп натпревари од второто коло.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати