Вечерва стартува првиот „бран“ на Велешко културно лето

Петар Печков

Со вечерашниот концерт на балетското студио за деца „Анабела“ со кој се одбележува 25 години работа и постоење, започнува велешкото културно лето. Како и сите други настани започнува во 20 ч. а место на одржување е Анмфитеатар од Младински парк, каде ќе се одржат повеќето содржини.

Првиот дел од „културниот бран“  нуди содржини до 15-ти август.  Предвидени се 15 настани, при што ќе се одржат концерти, промоции, филмски проекции, сите започнуваат од 20 ч.

Одлучивме да организираме повеќе културни настани за да им овозможиме на граѓаните да ги задоволат своите културни потреби. Содржините со во рамките на нашите можности. Повеќето ќе се одржуваат во Амфитеатарот во Младински парк, и тука нема да бидат загрозени здравјето на посетителите и учесниците. Во овој прв блок ќе учествуваат велешки уметници и автори. Сите концерти ќе бидат на отворено согласно протоколите за културни настани - кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Согласно објавените протоколи,бројот на публиката е ограничен и задолжително е почитувањето на препорачаните мерки за превенција и заштита од ковид-19: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција.

Според најавената програма велешани, но и гостите во градот ќе можат да проследат  меѓу другото концерт на народна староградска и новокомпонирана музика „Македонски ноти“ со групите Соната и Виртус, филмска проекција  на  „Републиката во пламен“, концерт на евергрин  поп-рок нумери,  изложба „Велес низ старите фотографии“,  целовечерен концерт  на џез  музика, изложба на  ликовни дела изработени од ориз и за крај на овој прв „бран“  концерт на Градскиот камерен оркестар „Стефан Гајдов“ насловен „Сербез класика“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати