Ветераните на белградска Ѕвезда играа хуманитарен турнир во Велес (фото)

Петар Печков

Хуманитарен фудбалски турнир  се  одигра на Градскиот стадион во Велес. Учествуваа ветераните на ФК Црена Ѕвезда Белград, на Фудбалската репрезентација на  Македонија и  ветераните на  ФК Борец. Се играше за членовите на Здружението на лица со церебрална парализа.

Посетителите, кои беа малкумина,  донираа по желба. Собрание беа 40 илјади денари и некој плус. Од Здружението велат дека ќе ги искористат наменски, бидејќи секој денар е добредојден. 

 По четврти пат, традиционално  го одржувам  овој хуманитарен турнир, за децата со  посебни потреби. Така сакаме да им помогнеме, но очекувам следните години да   има поголема масовност за  да  се обезбедат повеќе средства. Година го засиливме турнирот со ветерани на Црвена Ѕвезда. Од година се надевам ќе  повикаме уште една екипа и да собереме што повеќе публика и повеќе  средства – рече  Лазар Ракиџиев претседател на Општински фудбалски сојуз,  организатор на турнирот.     

Пред се е хуманоста а потоа е дружењето. Вакви  натпревари се потребни, оти има многу  лица на кои им се потребни пари за  лекување.   Има многумина на кои им е потребна помош. Но и повеќе публика. Во нашата екипа има фудбалери од повеќе генерации па така се дружиме  - рече   Митко Стојковски поранешен член на  Црвена   Ѕвезда.  

Ние од Ѕвезда секогаш сме хумани, така и овој пат. Дојдовме да помогнеме на покана од другар ми Лазе  и да се дружиме. Се надевам дека ова ќе биде традиција. На  овие турнир најважно  е третото полувреме, дружењето. Поздрав до сите велешани –рече Бошко Ѓуровски. 

Турнирот имаше и натпреварувачки карактер, победи екипата на ветерани на Црвена Ѕвезда пред ветераните на  Велес и ветераните на Репрезентацијата на Македонија.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати