Велигден 2014, Св. Пантелејмон (фото)

Петар Печков

Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ  во саботата спроти неделата низ сите храмови ширум светот.

Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!

Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати