Велешки театар подготвува две нови претстави

Петар Печков

Во Театарот „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“  од Велес во тек се подготовките на две нови театарски продукции.


Првата продукција е „Тирамису“, работена според истоимениот текст на полската авторка Јоана Овшианко, во адаптација и режија на Теа Беговска, како дел од Годишната програма на театарот за 2017 година, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Таа еќ се прикаже до крајот на месец јуни.

Во претставата настапуваат актерите Маја Љутков, Зорица Панчиќ, Талија Настова, Марија Стефановска, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Душица Настова и Румена Шопова.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски а автор на музиката е Енес Беговски.

Втората продукција е постановка на драмскиот текст „Пасивно пушење“ од Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, како проект кој се реализира од сопствени средства на театарот.

Во претставата настапуваат актерите Зоран Љутков, Фаик Мефаилоски, Александар Велјановски, Кирил Гравчев, Јордан Витанов и Весна Димитровска Бобевски.

Сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, кореографијата на Маја Каревски, а  авторската музика на Сашко Костов.

Од Програмата на театарот  годинава беа реализирани четири премиерни изведби: од ланската програма а промовирана годинава „ Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев, „Театар љубов моја“ од Валери Петров во режија на Деан Дамјановски, „Песни за татковината“ авторски проект на Петар Темелковски и „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати