Велешките судии собрале 162 илјади денари за Солидарен фонд, двајца од нив не уплатиле

Петар Печков

Управниот одбор на Здружение на судиите ја објави вредноста која нејзините членови, ја уплатија за  Солидарниот фонд за справување со вирусот ковид -19. 

Така Од Основен суд Велес, 14 од 16 судии  уплатиле вкупна вредност од  162.892,00 денари.Двајца од велешките судии не ја почитувале одлуката.

За потсетување   со  Одлука од  29-ми април  годинава  УО  на Здружението  на судиите  побара тие  да издвојат/донираат најмалку 20% од нивната плата за месец април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот COVID 19.

Управниот одбор одлука ја донел во форма на Препорака и истата судиите ја почитуваат на доброволна основа. 

Судиите од сите судови во земјава   покажаа солидарност, единство и колегијалност и донираа 4.632.144 денари - констатираше УО на Здружението на судии.

Ова дојде откако Владата донесе мерка со која судиите требаше за април и мај да добијат минимална плата од 14,5 илјади денари, којa Уставниот ја укина и предизвика силни реакции во јавноста. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати