Велешките лекари на терен за имунизација на децата

Петар Печков

Велешките доктори беа на терен во Неделата на имунизација и претпладнево пронајдоа четири деца кои ги немаа примено соодветни вакцини, за возраста на која се.   Медицинскиот тим од  диспанзерот за  претшколска возраст при ЈЗУ Здравствен дом, беше на Рамина, каде ги  најде овие деца.  Оваа активност е во рамките на Европската недела на имунизација (19-25 април).

 Овде сме на терен да пронајдеме не вакцинирани или некомплетно вакцинирани деца.  Најчесто тоа се деца кои не се вакцинирани против ситна сипаница.  Вакцината е најважната во борбата  против одредени заразни болести. Комуникацијата со родителите е одлична, соработуваат, видовте сами ги донесоа децата, немаме проблеми со локалното население  - кажа   д-р Пандели Божиков  раководител на службата за  вакцинација и имунизација на претшколски деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес.    

За овие неколку дена од Европската недела за имунизација  кај нив 28 деца била вакцинирани од морбили, 35 за тетанус и за  ХПВ пет дози.   Децата кои беа вакцинирани во два случаи добија вакцина против морбили и една пет валентна и една шест валентна.  

За антинационалната кампања која се води на социјалните мрежи, докторот објасни.

За тие млади родители кои не дозволуваат да ги вакцинираме децата, да ги потсетам  дека тие биле вакцинирани а сега не дозволуваат нивните деца да ја примат вакцината. од вакцината нема подбора мерка во спречување на заразни болести. Вакцините се безбедни, сигурни, набавени до реномирани европски производители. Сите кои имаат дилеми, нека повелат во Здравствен дом, ќе објасниме, разјасниме - рече  д-р Божиков. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати