Велешките адвокати дел од Адвокатските спортски игри

Петар Печков

Изминатиот викенд во Струмица се одржаа Адвокатските спортски игри 2018-та.  На нив земаа учество повеќе од 150 адвокати од Македонија, што е најголема бројка досега и најмасовно организиран спортски настан на оваа фела. 

Учествуваа и 11 адвокати од Велес, кои се натпреваруваа  во мал фудбал, кошарка и пинг понг. Најдалеку отидоа во мал фудбал, каде стигнаа до полуфиналето и беа поразени од екипата на  Охрид. 

За настанот адвокатите истакнаа, дека игрите претставуваат одлична можност да се видат со колегите, да спортуваат, да се дружат, но и да зборуваат за својата професија и дека деновите на спортските игри симболично ја изразуваат сплотеноста на адвокатската заедница, негувањето на солидарноста и почитувањето на фер играта.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати