Велешката болница, акушерско-гинеколошко одделение со германска донација од 150 илјади евра (фото)

Петар Печков

Акушерско-гинеколошкото одделение на Општа болница Велес доби донација вредна 150 илјади евра. Таа е обезбедена од подпроектот Перимак-перинатално здравје, во соработка со повеќе германски фирми и амбасадата на Германија во Македонија. 

„Проектот ХОПЕ се реализира во Македонија десет години, кај мајките и децата. Почнавме во Скопје, продолживме регионално, еве сега се прошируваме и во Велес. Обезбедуваме соодветна здравствена опрема за да ја постигнеме нашата цел. Со задоволство можеме да кажеме дека за овие десет години, со заедничка работа ја намаливме смртноста кај овие групи, мајки и бебиња за 75 отсто“ – Питер Сизе, потпретседател на  проектот ХОПЕ. 

Медицинска опрема е обезбедена како резултат на долгорочното партнерство во подпроектот Перимак, наменета за  болниците во Велес, Гостивар, Струмица и Струга, за сите четири вредноста е половина милион долари. 

„За нас е важно да имаме добра опрема и обучен, квалитетен кадар. Тоа е основен столб. Така се подобрува квалитетот на здравствената услуга, посебно во вакви регионални центри“ – рече заменикот министер за здравство Јовица Андовски.

Во името на вработените, пациентите, благодарност изрази директорот на болницата  Александар Бузалков.

„Добивме по два породилни и  мајчински кревети, пациент монитори за деца и мајки, вакум екстрактор, ехо портабли, инструменти. Добивме голем број опрема, кој во моментов ни е потребна. Со донацијата ќе се подобри квалитетот на дадената здравствена услуга на тој оддел. Се надевам со новата опременост, со ангажманот на вработените ќе има поголем број на родени бебиња од  300 и нешто лани. Дел од опремата ќе оди и во неонатолошкото одделение“- информира Бузалков. 

Преку соработка со германските партнери досега е обезбедена медицинска опрема во вредност над 3,5 милиони американски долари, обучени се илјади здравствени работници.  Сизе вели дека  сумата не е важна, важни се постигнатите резултати. 

„Не станува збор за пари, сума, туку се што е вложено за подобрување на животот на мајките и децата.  Не е важно колку пари сте вложиле, туку кој е резултатот од инвестицијата“ -  дополни Сизе. 

„На овој начин непосредно им се помага на луѓето, на мајките на децата. Преку оваа опрема и тоа што се работи, се подобруваат работните услови за медицинскиот персонал, за тие да останат  тука и бидат ефективни“ – кажа Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Македонија.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Прво авионско третирање против комарци што ќе се изврши на 15.06.2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Ве замолувам соопштението да се емитува на вашите медиуми во периодот од 12.06.2026 (петок) до 14.06.2026 година (недела). Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати