Велешанец фатен со 1,1 кг марихуана

Петар Печков

Вторникот навечер, велешката полиција открила случај на дистрибуција на опојна дрога. Во писмената информација од СВР Велес пишува:

На ден 14-ти мај . околу 19.00 часот на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица „Сопот“, при контрола на возилото „Фиат-Пунто“ со велешки регистарски броеви управувано од С.Б.(33) од Велес пронајдено е кесе со околу  1,1 кг. марихуана - соопштија од СВР Велес.

По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за стореното кривично дело.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати