Велешанец со автомобил во Скопје удрил пешак

Петар Печков

Вчера, сабота навечер, велешанец со неговиот автомобил удрил во пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди.

На 08-ми август  во 20,30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“ патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од Велес удрило во пешакот Б.М.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ - информираа од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР- Скопје, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати