Велешанецот Матеј Гелев, заедно со учениците од македонскиот тим освои две сребра и три бронзи на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

Петар Печков

Две сребра и три бронзи освои Македонскиот тим на 16-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки 16. IJSO, која се одржа во Доха, Катар.  Во македонската избрана селекција беше и Матеј Гелев од Велес, ученик во 8-мо одд. од ОУ Блаже Конески заедно со учениците Мајкл Георгиевски (9-то одд.) од „Гоце Делчев“ во Кавадарци, Емилија Николовска (8-мо  одд) од „Григор Прличев“ во Охрид, Никола Спировски (8-мо одд.) и Стефан Дрмач (9-то  одд) од „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје и Теона Кировска (9-мо одд.) од „Гоце Делчев“ во Свети Николе.

Со нив работеа менторите проф. д-р Боце Митревски од Институтот за физика, проф. д-р Марина Стојановска од Институтот за хемија и м-р Лозенка Иванова од Институтот за биологија. Учениците и менторите минаа  три месеци работа и ги подготовка за меѓународниот натпревар.

На оваа олимпијада учествуваме третпат и оваа година постигнавме најголем успех. Првата година учениците од Македонија освоија една бронза, а минатата година три бронзи. Оваа година освоивме две сребра и три бронзи. Честитки до тимот – вели проф. Сузана Ќофкаровска -Диневска, претседател на Македонското биолошко друштво.

На Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Доха,  учествуваа и се докажуваа во знаење  повеќе од 400 напредни ученици до 15 години, од околу 70 земји од светот. Натпреварите за познавањата од областа на физиката, хемијата и биологијата се одвиваа преку индивидуални теоретски тестирања и практични тестови.

Шесте ученици што ја претставуваа Северна Македонија беа избрани преку  селекција на натпревари по биологија, хемија и физика  -општински, регионални и државени и два селекциони натпревара. Целокупната подготовка на македонскиот тим беше реализирана од страна на наставници од Природно Математички Факултет, користејќи ги капацитетите и ресурсите со кои располага факултетот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати