Велешанецот Игор Леовски ќе настапува за прашка Славија

Петар Печков

Футсал репрезентативецот Игор Леовски  (25 год) следната сезона ќе настапува за чешкиот прволигаш Славија од Прага. Оваа информација на својата веб страна ја објавија Чесите. Тие имаат високи амбиции и во нивниот тим донесоа уште еден Македонец, репрезентативецот Игор Крстевски.

Леовски минатата сезона ја започна интернационалната кариера, играше за екипата на Дубровник од Хрватска, со која го освои шестото место. Претходно настапуваше за екипите на Црна река, Железарец и КМФ Велес а во 2016-тат беше прогласен за спортист на Велес и најдобар футсал играч во Македонија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати