Вардар се излеа во Велес (фото)

Петар Печков

Ноќта помеѓу саботата и неделата Вардар се изела во Велес. Поплавени се земјоделските површини во месноста   Речани и Шорка.  Најавите на надлежните дека критичната точка Вардар ќе ја достигне во велешко се остварија. Причина е надојдената река Пчиња, која влијаеше да се поплават бавчите во околината на градот.

Вардар надоаѓаше цел ден во саботата,  а поплави после полноќ.  Не е како што било други години, но сепак однесе дел од заседанети  градинарски култури за пролетва, морков,  млад кромид, млад лук  - велат велешките  бавчованџии.

Од неделата утро нивото на Вардар почна да опаѓа, па сега е осетно намалено. Од Дирекцијата за заштита и спасување потврдија дека има поплавено на мал дел земјоделски површини и некои од подрумите во куќите близу реката.    Тие и локалната  власт во саботата го предупредија граѓаните да преземат мерки оти нивото на реката Вардар ќе  ја мине критичната точка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати