Вардарски плански регион со нов, в.д. раководител Игор Андреев

Петар Печков

Советот за развој на Вардарски плански регион, на петочната седница донел одука да се разреши досегашниот директор Марко Колев а именувал нов. За в.д раководител поставен е Игор Андреев  доктор на економски науки, од областа на маркетингот.   

Тој  е еден од основачите на компанијата „X Фактор Акцелератор“, кој финансира стартап компании со одржлива идеја и бизнис план.

Советот за развој на ВПР кој ја донесе ваквата одука е составен од деветте градоначалници од Повардарјето. Колев на раководната позиција беше поставен во август 2017-та година, со мандат од четири години. 

Раководителот на заминување Марко Колев на неговиот фб напиша: Центарот напорно работеше и само во изминатата 2019 година имплементираше 14 проекти во вредност од 62.053.162 денари, исто толку (14 проекти) во моментов се во фаза на реализација во вредност од 92.665.085 денари

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати