Вака ќе изгледаат новите пакувања за слатката на Јоми фуд

Петар Печков

Големото „Браво сине!“ и наградата од 200.000 денари за најдобро креативно решение и дизајн на амбалажата на Слатко со идентитет ја доби Далибор Смилевски (21) од Кичево, кој на идејното решение работеше заедно со Мартин Стојмировски (22) од Кочани. По нивната идеја ќе бидат спакуваани слатката на велешки ,,Јоми фуд,,. 

На своето победничкото решение Смилевски и Стојмировски работеле повеќе од еден месец, анализирајќи ги и актуелните состојби на пазарот. Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставниците на Skopje Design Week (SDW) и претставникот на компанијата „Јоми фуд“ ги разгледаа и оценија сите пристигнати решенија, по што беше избрано победничкото. На своето решение, двајцата креативци работеле повеќе од еден месец, а паричната награда која ја добија ќе ја вложат во нивниот професионален развој.

На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажа на Слатко со идентитет, во потесна конкуренција влегоа 26 креативни решенија. Овие 26 решенија ги содржат сите елементи што беа пропишани во условите за учество на отворениот повик кој траеше од 18 јули до 1 септември годинава.

Согласно критериумите на јавниот повик се бараше изработка на предлог дизајн на амбалажа за слатко од седум видови овошје од асортиманот на „Јоми фуд“, ексклузивно пакување и промотивен постер. Наградениот дизајн компанијата „Јоми фуд“ ќе го аплицира на своите производи во следниот период, по што слатката од седум видови овошје со нов изглед ќе се најдат во продажба.

Од компанијата „Јоми фуд“ најавуваат дека седумте видови слатко со нов изглед ќе се појават на македонскиот пазар пред новогодишните празници. Се надеваат дека со новата етикета и дизајн на слаткото ќе се зголеми продажбата на нивниот производ.  Тоа се слатката од вишна, портокал, дива капина, малина, зелена смоква, аронија и јагода  подготвени по традиционален рецепт

Проектот за брендирање автентични национални производи официјално почна во јуни годинава кога беше распишан конкурс за компаниите преработувачи на овошје. Откако беа разгледани пристигнатите апликации, стручното жири одлучи седумте видови слатко на „Јоми Фуд“ од Велес да добијат нов, уникатен дизајн.

Условите за избор беа компанијата да има доминантно домашен капитал, широко портфолио за производство на македонско слатко без додатоци по традиционален рецепт кое се вбројува во групата здрава хрна и се продава во македонската малопродажна мрежа под своја етикета.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати