ВМРО-ДПМНЕ- првите 12 месеци од владеењето на Коцевски се загубена година за велешани

Петар Печков

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Велес на прес конференција    се осврна на првата година од работата во мандатот на градоначалникот Аце Коцевски.  Според нив Велес како никогаш досега е завиен во темнина, градот како никогаш до сега  е преполн со   нечистотија, ѓубре, дупки на улиците, раскопани тротоари и улици.

Наместо на истекот од едногодишното владеење со нашиот Велес од страна на локалната власт, да зборуваме за реализирани проекти, за остварени резултати , за прогрес на градот ,  од страна на локалната власт и Аце Коцевски гледаме само назадување и неработење.Каде е се' она  што го  ветивте  пред една годинa, господине градоначалник ?До  каде се проектите од програмата со која ветувавте живот во Велес?нема никаква најава ниту за почеток  на изградба  на   пливачкиот базен во дворот на основното училиште Васил Главинов,  - ниту  на  катната гаража во центарот на Велес? - Ветувавте градски паркинзи над железничките пруги, а за една година немате изградено ниту еден! - Зошто не се гради ново основно училишти во населба Тунел што го ветувавте?ами наспроти тоа затварате постоечки училишта   - Зошто не се гради атмосферска канализација за прифаќање на водите што се слеваат на ул.Благој Ѓорев? - Не се градат ниту колекторски систем и прочистителни станици за фекалните води што ги ветувате. - Каде е трговско-деловниот центар Градски Пазар и трговско деловниот објект Градски саат од вашата програма? - Зошто не се гради заобиколен пат од Башино село до Превалец како што ветувавте? - Ветувавте продолжување на кејот на Вардар, а за една година не изградивте ниту милиметар. Господине градоначалник Аце Коцевски, зошто ги лажевте велешани дека ќе ја намалите цената на водата за пиење и ќе се намалат сметките кои ги плаќаат нашите сограѓани на комуналното претпријатие Дервен? Наместо тоа воведовте нови давачки за надоместок за одржување на јавно зеленило  и надоместок за одржување на јавна чистота. Наместо ветените проекти , велешани се судруваат секојдневно со проблемот на кучињата скитници. - кажа Нада Трајкова член на Советот на општина Велес. За да заврши дека првата година од мандатот на градоначалникот Коцески е година загубена за велешани.  

На овој прес реагираа од ОО на СДСМ во Велес. Од таму објаснуваат да немало потреба да ги враќаат долговите, направени токму од ВМРО ДПМНЕ,  Велес до сега ќе се развивал побрзо и поуспешно. 

Да не беа долговите од Вас, да не беа Вашите непродуктивни и штетни трошења и расфрлање со народните пари, во Велес ќе започнеа да се реализираат многу проекти,  катна гаража, пливачки базен и голем дел од она што е запишано во нашата програма. И Вие тоа добро го знаете, дека макотрпно се врзува крај со крај, благодарение на Вашето недомаќинско работење,  да вратиме долгови секаде, каде Вие сте не задолжиле како граѓани на Велес, да го поправиме сето она што сте го уништиле со Вашето неодговорно работење.  И дополнително, покрај тоа што не задолживте, сега фрлате прав во очите на граѓаните дека друг е виновен, а Вие како да не сте од тука, нели? За промена, Ви предлагаме да одржите една пресконференција, во која на самиот почеток, пред било кого да обвинувате, ќе им кажете отворено на граѓаните за Вашето недомаќинско работење, во колку долгови ја оставивте Општина Велес, а потоа кажете им на граѓаните што се Вие ќе сработевте за една година, со долгови од околу три милиони евра - пишува во писмената реакција на ОО СДСМ Велес. 

Додаваат дека  Општина Велес  дека полека, но сигурно се нормализира и застанува на здрави нозе, благодарение на  домаќинско работење на новата власт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати