Бројката на активни слуачи во велешко со ковид-19 се искачи преку сто, 41 лице се на Инфективно одделение

Петар Печков

Денес во велешко  има 14 нови случаи на заразени со ковид-9, шестмина се оздравени. Ова се податоците кои доцна попладнево ги објави Центарот за јавно здравје Велес.  Со ова бројката на активни случаи во велешко надмина 100 и има 106 лица.  

Министерството пријави бројката од 15 ново заразени  лица со ковид-19, но се 14, еден е жител на општина Свети Николе и е впишан во Велес. Има и шест оздравени. Состојба е сериозна, не може да се прецизира кој од кого и каде е заразен, бидејќи податоците ги добивме доцна и во тек се епидемиолошките анкети. Има два  случаи на Гинекологија во Скопје, еден на уво, грло, нос  исто во Скопје, просветен работник во Општина Градско - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.   

Досега во велешко има заразено со корона вирус 446 лица, 332 оздравено и 18 починато. На Инфективно одделение има 41 пациент, 38 се потврдено позитивни, 12 се на кислородна поддршка, попладнево од одделението се испишани четири лица како оздравени а по два негативни теста на земениот брис. Тројца велешани се на Инфективна клиника во Скопје и двајца на Клиниката на Жан Митрев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати