Борец одигра нерешено со фаворитот Шкендија во Тетово

Петар Печков

Стадион: Градски стадион Тетово

судија: Стојчевски –Скопје

стрелци: Дита 34` (ФК Ш) , Станковски 19` (ФК Б)

жолт картон:   Тотре, Павиќ, Бејтулаи, Зејнулаи (ФК Ш): Ристески,  М. Ристовски, Коцев, Пеев, Мустафа, Сантош, Ѓоргиев (ФК Б)

ФК ШКЕНДИЈА: Реџепи, Алити Крива, Бејтулаи, Павич, Тотре,  Ахмеди, Дита, Имери, Ибраими, Дориев играа и  Мурати,   Зејнулаи, Ес Сахал, Нафиу

БОРЕЦ: Мустафа, Ф. Ристовски, Ристески, Стојменовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Фернандо, Станковски, Пеев. М. Ристовски играа и Ѓоргиев, Десниќ, Радовиќ

Фудбалерите на велешки Борец се враќаат непоразени од гостувањето во Тетово, кај екипата на ФК Шендија, но треба да жалат што освоија само еден бод. Иако домаќинот фаворит, тоа не го покажа на терен, каде повеќе гол шанси и удари кон домашниот гол, имаа гостите од Велес. Тие и поведоа со голот на Станковски во 19-тата а израмнија тетовчани во 34-тата преку Дита.

Од повеќето сериозни шанси за гол, таа во 77-та кога од 16м. Коцев силно шутираше, но домашниот голман усепа да ја одбрани топката да не влезе во мрежата. Ако ФК Борец не успеа да реализира од шансите за гол, тогаш доби дури седум жолти картони.

По ова четврто коло ФК Борец има пет бодови, и е во група со четири екипи кои се на поделба на 5-тото до 8-то место. Ова беше второ по ред гостување на велешани а во следното коло, на 13-ти септември, паузата е поради репрезентативните настапи, ФК Борец игра дома со екипата на ФК Академија Пандев од Струмица, која има една победа, токму во воа коло и тоа со гол во финишот на натпреварот против Струга.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати