Борец елиминиран од Купот од освојувачот Пелистер

Петар Печков

Попладнево на  Градски се одигра реванш средбата од 1/8 од Купот на Македонија. ФК Борец 1919 го пречека Пелистер од Битола, кој е актуелен освојувач на Купот.

Прволигашот како поискусен ги казни грешките на велешани и на почетокот од второто полувреме преку Пеев во 50-та и Илиоски во 52-та  поведе со 2:0. Намали Танушев во 64-тата а конечните 3:1 ги постави Попзлатанов  во 82-та минута.  

На првата средба пред еден месец Пелистер дома славеше  со 4:2 и севкупно со две победи и 7:3 оди во четврт-финалето од Куп натпреварите.

В  сабота Борец требаше да игра натпревар од 9-то коло на Втората фудбалска лига Исток, но  гостите Хоризонт од Турново ФФМ ги дисквалификува, па велешани се слободни.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати