Бесплатно се делат пластични канти за смет

Петар Печков

Наместо во лимени канти од сирење и маслинки, или во картонски  кутии  позајмени од локалното гранапче, сметот ќе се собира во нови пластични. За дел од  велешките семејства се делат, современи канти за  отпад. И тоа бесплатно, во рамките од акцијата ,,Македонија без отпад,,. Во овој пробен период, каните за отпад се делат на жителите од улиците кои гравитираат кон зградата на Хигиенски, во Новиот дел на градот.

Ова е добар потег  и заслужува пофалби. Сега маалските мачиња и кучиња нема да го расфрлаат сметот. Ќе има поголема хигиена. Досега кој како снаоѓаше, некој во кесиња од дуќаните кои бргу се кинеа, па ѓубрето завршуваше пак  кај нас во дворовите – велат жителите од овој дел на градот.

Ним новите канти за  отпад лично им ги делеше градоначалникот на Велес, заедно со раководството на ЈКП Дервен, кои заеднички ја спроведуваат оваа акција.  Ова се првите количества на бесплатно подделни канти и тоа на улица Пајак Планина.

По завршувањето на овој пилот проект и сумирање на резултатите за кој сме убедени дека ќе бидат повеќе од задоволителни, во текот на наредната година ќе го зголемуваме интензитетот на акцијат,а се со единствена цел порационално управување со отпадот и почиста животна средина – изјави  градоначалникот Чадиев.

Екипи на Општина Велес и ЈКП „Дервен” заедно ја започнаа  акцијата во која на 230 велешки семејства се изврши дистрибуцијата на стандардизирани канти за комунален отпад. Станува збор за пилот проект во кој на жителите од улиците „Костурска”, „Андреја Дамјанов”, „Пајак Планина” и „Партение Зографски” ќе им бидат доделени овие канти за отпадоци. 

На граѓаните  им се дели и информативен леток за начинот на постапување со садовите, нивните права и должности во постапувањето со отпадот кој го создаваат. Дел од кантите за смет од централното градско подрачје пак се мета на крадци. Се крадат, се кршат и препродаваат како пластика.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати