Бенигни тумори на матка- миоми

Петар Печков

Миомите се најчести бенигни тумори на матка. Изградени се од мазни мускулни клетки. Присутни се кај 20 до 25 отсто од жените во репродуктивен период и се јавуваат 3 до 9 пати почесто отколку кај црнкињите. 

Причина за настанокот не е позната  а истражувањата покажале дека настануваат со растење на еден клон на мазна мускулна клетка. Не се јавуваат пред пубертет, растат под влијание на хормони естрогени, во генеративен период а зачестеноста им опаѓа во менопаузата. 

Ретко се појавуваат поединечно, обично се неколку. Обликот и големината се различни од најмали до големи со тежина од 40 кг. Положбата им е различна можат да бидат во ѕидот на матката, на површината на матката или да висат на петелка, да се од внатрешна страна  и да  се избочуват во шуплината на матката или се појавуваат  во цервикалниот канал.

Можат да бидат многу тврди како камен или многу меки ако имаат дегенеративни процеси  во нив.  Иако немаат вистинска капсула, добро се прекачени во околината со сврзана псеудокапсула- лажна, што овозможува релативно  лесно одвојување на миомот од мускулатурата на матката. Најчесто еден поголем крвен сад го снабдува секој миом посебно.

Дијагнозата на миом најчесто се поставува во тек на рутински гинеколошки преглед  -ултразвук, кога се наидува на неправилно растење на матката. Секој тумор во мала карлица може да се замени со миоматозно променета матка, па во нејасни случаи дијагнозата треба да се дополни со други дијагностички постапки.  

Миомите можат да се карактеризираат со цела лепеза на различни симптоми

Најчест симптом е неправилно крвавење од матка. Обилно и неправилно крвавење предизвикано од миом е најчеста  причина за  хистеректомија.

Една третина од пациентките со миом, чувствуваат болка и тоа како болна менструација, болки при сексуален однос, напнатост во мала карлица или силна болка во стомак заради некроза –изумирање на ткивото на миомот, или торзија –увртување на висечки миоми. Ако некротичните миоми се инфицираат може да се предизвикаат високи септички температури.

Зачестено мокрење поради притисок на мочен меур, делумна или целосна опструкција на уретерот, што се манифестира со бубрежна болка.

Неплодност, што е случај кај 3 отсто од пациентки  
Запек што е резултат на притисок на миомот на ректосигмоидниот дел од дебелото црево
Јака болка и обилно крвавење кај миоми кои се пораѓаат низ цервикален канал, ретко и извртување на матка

Застој на венска крв и воспаленија на вените и појава на тромоби поради притисок на вените во мала карлица
Спонтани абортуси кои се два пати почести кај  жени со миоми

Важно е да се напомене дека женските хормони, естрогени, не предизвикуваат настанон на миоми , но ги поттикнуваат. Искуството покажало дека миомите расат под дејство ан естрогени во тек на бременост а се смалуваат во периодот по последната менструација –менопауза. 

Миоми и бременост. Ако миомите се единствена причина за неплодност, по нивното отстранување кај 40 отсто од жените доаѓа до бременост.   Во втор и трет триместар од бременоста може да почнат нагло да растат и да поттикнат спонтани абортуси или предвремено  проодување. Затоа  кај трудницата е потребно боликите да се смират а контракциите на маткаа да се запрат со давање на токолитични лекови. 

Понекогаш ако има компликации потребен е и хируршки зафат, за отстранување на миомот. За време на породувањето миомите можат да предизвикаат инерција на матката, ако се поголеми неправилната  положба на бебето  и попречувањето на родилниот канал, па раѓањето треба да заврши со царски рез.   После породувањето можни се јаки контракции на матката и пообилни крвавења.

Компликации на миомите. Миомите многу ретко малигно се променуваат во саркоми на матка. Тој  процент е само 0.1 до 0,5%
              Најчести компликации се:

Поради слаба прокрвеност можат да се распаднат да омекнат и да се зголемат па да притискаат на околните органи. 

Можат да се инфицираат па да комплицираат со висока температура,болки, треска, воспаление на стомачна шуплина поради што можеби е потребна хируршка  интервенција. 

Во случај на така наречена хијалина дегенерација, ткивото на миомот се распаѓа и се создава цистична формација, исполнета со течна кашеста содржина, која може  да прсне и да се излие во стомачната  празнина. 

Миомите кои се на петелка на површината на матката може да се увртат и да предизвикаат многу силни болки и  со појава на состојба на акутен абдомен, која бара итна операција. 

Миомите кои се појавуваат низ цервикалниот канал можат да предизвикаат обилни крвавења со силни болки.   Миомите можат да предизвикаат неплодност поради деформирање на матката, притисок на јајоводите и нивна опструкција.
           Дијагноза

Миомите најчесто се откриваат при рутински гинеколошки преглед, само 35 до 50 отсто од пациентките имаат симптоми. Најчесто и најсигурно се откриваат со вагинален ултразвук. По потреба при големи миоми со неправилна форма, кои го исполнуваат целиот абдомен, може да се користи компјутеризирана томографија или магнетна  резонанца но во рутинска работа ретко се користи. 

                  Лечење на миомите

Лечењето на миомите зависи од возраста на пациентката, дали таа има раѓано општата состојба и од   големината и положбата на миомот. Може да е хируршко или медикаментозно. 

Индикации за оперативно лекување на миомите се:
Обилно крвавење од матка со последнична анемија кога не реагираат на хормонско лекување

Хроничка болка со силна дисменореа, диспареунија или напнатост во мала карлица

Силна болка во акутен абдомен поради увртување и некроза на миомот или болка при породување на миомот низ цервикален канал

Ако се развие хидронефроза поради опструкција на уретер
Нагол раст на миом во репродуктивен период или секое растење на миом во менопауза за да се исклучи сарком на матка

Ако миомот е единствена причина за неплодност

Зголемување на мата и притисок на друг органи од мала карлица

Оперативно лекување на миомите може да биде со:
Миомектомија – отстранување само на миомот или миомите ако се повеќе

Хистеротомија отстранување на матка ако не е можна миомектомија  или жената завршила со репродуктивниот период или е во менопауза 

И двете операции можат да  се направат лапароскопски, со класичен абодменален пристап или со вагинален пристап. Тоа зависи од миомите, нивната големина , положба и н нивниот број.   Се преферира лапароскопската операција, поради одредени предности, помалку здржување во болница, помалку болки, побрз опоравок на пациентката и побрзо враќање на секојдневните активности. 

Ако станува збор за миом во бременост, треба да поминат чест  недели од породувањето за да настана инволуција на ,матката и после тоа да се направи преглед за да се одлучи дали е  потребна операција или не.

Индикации за медикаментозно, хорионско лекување

Зачувување на фертилната способност ба жената со големи миоми

Смалување на големи миоми за олеснување на оперативниот зафат

Ако постојат контраиндикации за операција поради други здравствени проблеми на пациентката
Треба да се напомене дека медикаментозното лекување на миомите има само времен учинок.

Пишува гинеколог д-р Зоран Јовановски

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати