Бахамски ГСОЛ е сопственик на Фени, потврди Апелација

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје  го потврди  Планот за реорганизација на Фени иднустри во стечај - Кавадарци, со што  Глобал Спешлс Опуртунитис  (ГСОЛ)од Бахамите стана негов сопственик.  За ова преку кратко соопштение на веб страницата информираа од Основен  суд Велес. 

,,Решението на Основен суд Велес за одобрување на Планот за реорганизација на стечајниот должник е правосилно и претставува извршна исправа согласно со одредбите од Законот за стечај,,.

Со ова завршува година и половина долгата стечајна постапка во Фени. Извршниот директор на ГСОЛ Маркос Камхис по декемвриското рочиште во Основен суд Велес  кажа дека тие се еден од најголемите странски инвеститори во земјава изминатата година.  

Последните 10 месеци имаме извоз од 100 милиони долари. Најважно е стечајот да заврши и да создадеме ново друштво, нова компанија со светла иднина. Ние овој период работевме а работниците добиваа плата  - кажа  Камхис. ГСОЛ  бараше завршување на стечајот во интерес на вработените , компанијата и македонската економија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати