Базените, езеро Младост, Бабуна се со вода каде може рекреација

Петар Печков

Базените каде велешани  летово се разладуваат се со квалитетна  вода за капење.   За разлика  од нив  дел  од  течните води  не  се  препорачуваат за освежување и рекреација.

Реката Тополка –долниот дел, од населба Превалец надолу не е  за капење, има фекално загадување.  Реката Бабуна е чисто и по целиот нејзин тек може да  се   користи   за    капење. Вардар е енормно загаден. Не само што не е   препорачливо, туку во него не   смет да се капат, ниту да се полева почвата ниту да се пои  стоката.   Езеро Младост  има алги, изгледа дека е    матно, но бактериолошки  е  исправно и добро е   за рекреација.   Градскиот Базен и базените  по Хотелите  ги   проверуваме и   тие се   добри, нема загадување.   Тиквешко езеро може да  се користи за  рекреација.    Дојранско езеро  годинава, спаѓа во втора категорија бактериолошки а по матност во трета категорија.  Таму алгите поради жешкото време порано процветуваат и е матно, но тоа не пречи на квалитетот езерото да се користи за  капење. –изјави   д-р  Флорентина Шурбевска Ристовска директор  на ЈЗУ Центар за јавно здравје  Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати