Арсова и Гурбанска најдобри ученички во музичкото Стефан Гајдов

Петар Печков

Ивана Арсова и Теона Гурбанска се прогласени за најдобри ученици на велешкото Основно училиште Стефан Гајдов. На завршниот годишен концерт,  неодамна одржан во салата  Бели мугри, ти ги добија признанијата, Арсова која е  петто одделение за     најдобар ученик а Гурбанска која е осмо одделение за  најдобар ученик во  генерацијата.

И двете свират виолина, имаат значителни резултати остварено  годинава на неколку државни и меѓународни натпревари,  се на врвот  од  нивната детска кариера и двете се одлични  по сите предмети кои ги посетуваат – вели Илија Настовски проф. по пијано  дипл. пијанист и чембалист   долгогодишен професор во ОУ  Стефан Гајдов. Се доделуваат награди во две категории  за година и  за генерација.

Наградата за генерација е за  последната генерација која завршуваат 8-мо или 9-то , а имаат учество на меѓународни натпревари, освојување на високи признанија  награди на државни  натпревари, со забележителни концертни активности, настапи се вреднува и се одбира еден ученик кој можеби за нијанса,  ама  е најдобар и тоа е ученик на завршната генерација тоа е Тона Гурбанска од Лозово. Таа   патува девет години од селото , не пропуштила ниту е ден час, редовна е – додава Настовски.  

Призанието за најдобар ученик на година,  тука се сите  ученици од прво до деветто одделение, кој има освоено најмногу  награди, најмногу настапи и  посетуваат најмногу предмети. Арсова сите што ги посетува има пет   -додава Настовски.

Тој вели дека   од Лозово има пет ученици кои посетуваат настава во ОУ Стефан Гајдов. Еден од нив е Никола Стојановски кој  на Светско првенство во Бугарија освои четврто место и е редок талент.    

 Упис на  нови ученици во ОУ Стефан Гајдов во Велес е во тек, трае до крајот на септември, возрасна граница  за упис е од 6 до 8 години.    Децата најмногу сакат да учат, најголем интерес има за  овие инструменти:   виолина, гитара, клавир.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати