Апелација потврди 10 години затвор за возачот Ѓорев кој усмрти три лица во сообраќајка кај крстосницата за Мамутчево

Петар Печков

Апелациониот суд во Штип, ја потврди казната затвор од 10 години изречена од Основен суд Штип, за велешанецот Петре Ѓорев ( 44 год).  Апелациониот суд ги отфрлил жалбите на обвинетиот и на обвинителството.   

Пресудата е за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,,, за сообраќајка која  се случи на 1-ви јули 2017-та година,  на магистралниот пат Велес - Штип, близу крстосницата за село Мамутчево околу 19,45 ч.

Во сообраќајката  патничко моторно возило „Голф 4“ со велешки регистарски таблици управувано од   Петре Ѓорев удрило во    патничко моторно возило „Голф“’ со кумановски регистарски таблици управувано  од С.С. (45) од Крива Паланка.

Во случената несреќа  животот го загубија три лица, С.С. (45)  и  Б.С. (55 год) од   Крива Паланка, како и  Д.Ј. (32 год) од Велес која според објавената пресуда во тој период била и бремена. Тригодишното девојче од истиот автомобил и обвинетиот Ѓорев се здобиле со тешки телесни повреди. 

Според анализата каој  обвинетиот Ѓорев, во моментот на несреќата  имало 1,30 промили алкохол во крвта.  Во критичниот момент, според вештачењето  возилото ,,Голф,, се движело со брзина од 82 км/ч и возачот  од десната ненадејно преминал на левата коловозна лента и удрил право во возилото  ,,голф 5,, со велешки регистарски таблички, кое доаѓало од спротивен правец. 

Апелација   ја потврдила и мерка - забрана за управување со моторно возило  од ,,Б,, категорија во траење од шест месеци сметано од правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење. Со ова пресудата е правосилна и извршна. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати