Автомобил удри во моторист

Петар Печков

Вчера , вторник напладне  моторист е тешко повреден, откако во него удрил автомобил. Сообраќајната незгода се случила кај кружниот тек ,,Авона,,. СВР Велес со повеќе информации за настанот.

На 13.03.2018 година во 13.00 часот во Велес, на крстосницата со кружен тек, кај фонтаната во Нова населба, патничко возило „Форд Галакси“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.М.(52) од с. Горно Врановци, удрило во мопед „Априлја“ со велешки регистарски ознаки, управуван од  В.А.(52) од Велес. Од здобиените повреди возачот на мопедот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа Болница Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување - информираа од СВР Велес. 

Увид на местото на настанот извршила  екипа од СВР Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати