Автомобил излетал од пат, возачот се здобил со повреди на глава

Петар Печков

Утрово автомобил излетал од регионален пат, возчот се здобил со повреди, на глава. Задржан е на лекување во велешка болница.

„На 24.07.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 5,00 часот, на регионалниот пат Езеро Младост-Велес, после крстосница од село Отовица кон Велес,  патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Н.(45 год) од Велес, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од СВР Велес.

Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. 

„Утрово беше донесен пациент, констатирани повреди на глава. Останат е на лекување во велешка болница“ – кажа др- Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

Патниот сообраќај за време на вршење на увидот бил во прекин во  периодот од 05.25 часот  до 07.05 часот, по што бил нормализиран.

 фото интернет

Поврзани »

Соопштение за јавност

Прво авионско третирање против комарци што ќе се изврши на 15.06.2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Ве замолувам соопштението да се емитува на вашите медиуми во периодот од 12.06.2026 (петок) до 14.06.2026 година (недела). Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати