Јуниорите на МВК победници на Велосипедскиот куп на Македонија

Петар Печков

Тројцата велосипедисти  јуниори кои победија на  трката за Купот на Македонија оставарија подобро време отколку сениорите.

Игор Василевски како прв,  Драган Цветков како втор и Кристијан Николов тројцата членови на МВК од Велес ги победија велосипедистите, победници во сениорска конкуренција Стефан Петровски од Вело- М Куманово, Зекир Зекири oд Енерџи и Никола Ѓуриќ од Вело М.

60-тина велосипедисти од 8 клубови возеа на патека во должина од 116 км. од Велес, преку Росоман, Неготино и Кавадарци  назад до Велес.  Оваа трка беше за велосипедскиот куп на Македонија.

На двојно пократката патека  до Градско и назад, возеа и девојки каде победи Анета Антовска од Енерџи од Скопје. Организаторот на Куп трката беше велосипедскиот клуб МВК од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати