ЈКП Дервен набави ново возило за собирање смет

Петар Печков

Велешките комуналци од денес имаат ново возило наменето за собрање на смет. ЈКП Дервен за него плати 7.67 милиони денари зедно со ДДВ. Ова возило е наменето за собирање на смет од контејнери од 5м3, 1,1м3, пластични канти од 120л и собирање на смет во кеси од врата на врата.  Тоа доаѓа по неодамнешната набавка на два нови трактори наменети за собирање на смет по тесните градски улици. 

Со пуштањето во употреба на ова возило ќе се зголеми ефикасноста на работата на службата за собирање на смет, каде примарен и крајно сериозен проблем претставува застареноста на возилата. Тие често се расипуваат, а со оглед на тоа дека одамна не се произведуваат, резервни делови за нив нема, што пак негативно влијае на ефикасноста на службата и навременото извршување на услугата собирање на комунален смет - изјавија од ЈКП Дервен за набавката на новото возило. 

Возниот парк на ЈКП Дервен е проширен  со ново возило марка Ивеко,  комбиниран камион автосмеќар со капацитет од 22м3, набавен е со сопствени средства на претпријатието.  Комуналците користеа стари камиони за собирање на смет а возниот парк не бил обновен со години.

Неодамна градоначлникот Коцевски изјави дека долгот кон ЈКП Дервен кој изнесувал 90 милиони денари, поради неплатени фактури од општината кон комуналното претпријатие од 2013-та наваму, за шест месеци  бил намален за 7 милиони денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати